MKDNews.com

Заев: Аеродромот ќе се преименува во „Меѓународен аеродром Скопје“

Заев: Аеродромот ќе се преименува во „Меѓународен аеродром Скопје“
февруари 06
19:42 2018

Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе се преименува во „Меѓународен аеродром Скопје“, објави Зоран Заев.

Како што најави премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со премиерот на Грција Алексис Ципрас во Давос, Владата денеска донела и официјална одлука автопатот Е-75 да се преименува во „Пријателство“.

Заев денеска информираше и дека новото име на аеродромот во Скопје ќе се преименува од „Александар Велики“ во „Меѓународен аеродром Скопје“.

Тој рече дека одлуката за новото име на аеродромот, како и одлуката за преименувањето на автопатот „Александар Македонски“ во „Пријателство“ поминале на владина седница.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар