MKDNews.com

Шилегов прозборе грчки, гестот беше поздравен со аплауз

Шилегов прозборе грчки, гестот беше поздравен со аплауз
февруари 10
08:18 2018

Порака за соработка, за градење доверба меѓу граѓаните, но и подобрување на климата меѓу двете општества, испратија скопскиот и атинскиот градоначалник, Петре Шилегов и Јоргос Каминис, по нивната денешна средба во Атина.

Посебен впечаток, јавува дописникот на МИА, но и позитивно изненадување кај присутните во салата во зградата на општина Атина, предизвика почетниот дел од обраќањето на скопскиот градоначалник.

– Дами и господа добар ден . Денеска е прв пат што имав добра средба со мојот пријател Јоргос, рече Петре Шилегов, но обраќајќи се на грчки јазик, при што изнуди силен аплауз од присутните.

На прес-конференцијата по средбата рекоа дека почетокот на соработката е во период кога се во тек преговорите меѓу владите на двете земји.

Затоа и пораката ја упатија и до граѓаните, но и до владите на двете земји, да продолжат со преговорите и да ги решат проблемите за граѓаните на Скопје и Атина да имаат нормална комуникација.

– Како нов градоначалник решив да го отворам градот, веќе се сретнав со неколку градоначалници од регионот и ќе работам на тоа зашто силно верувам дека градоначалниците на главните градови исто така се главните гласници, едни од главните гласници на земјата. Ако имаш добра соработка меѓу главните градови, тогаш лесно ќе имаш подобра соработка меѓу владите, рече Шилегов.

Неговиот грчки колега, порача дека владите во Атина и Скопје треба да се фокусираат на она што ги поврзува двете држави и двете општества, а не на она што ги разделува.

– Ние, градоначалниците на двата главни града се согласуваме со потребата за постигнување фер и одрлжливо решение, знаејќи ги предностите што доаѓаат со него. Треба да придонесеме одлучно, конструктивно, согласно со улогата што ја имаме, кон оваа насока, приближувајќи ги градовите и граѓаните. Во секој случај не сме ние тие кои преговараме, не сме тие што сме повикани да ги решиме проблемите што ги разделуваат земјите. Очекуваме од нашите влади да работат на национално одговорен начин да се прагматични, да покажат реална политичка волја за компромис. Да се концентрираат на иднината и на она што ги обединува двете земји, а не на она што не разделува, рече градоначалникот на Атина, додавајќи дека затоплување на преговорите меѓу двете земји и динамиката од последните седмици создаде чувство на оптимизам дека разликите што ги разделуваат двете земји ќе се решат.

Јоргос Каминис и Петре Шилегов, јавува дописникот на МИА од Атина, започнуваат соработка која ќе продолжи со посета на градоначалникот на Атина на Скопје, а ќе кулминира со потпишување на меморандум за соработка. Двајцата градоначалници, нивниот контакт го започнале уште во октомври, кога на локалните избори кај нас, Шилегов беше избран за татко на градот.

– Со градоначалникот Шилегов сме во комуникација од првиот момент од неговиот избор, минатиот октомври. Од двете страни беше изразена волја за соработка меѓу двата главни градови, во период кога прашањето со преговорите за прашањата што ги разделуваат двете земји сѐ уште се немаа појавно на сцената. Градоначалникот на Скопје е прогресивен човек, модерен политичар кој го разбира значењето на екстровертноста, на развојот на добрите односи, на добрососедските односи, но и динамиката на градовите и динамиката што ја има локалната самоуправа, рече Каминис

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар