MKDNews.com

Ракетата на Илон Маск испрати спортски автомобил во вселената

Ракетата на Илон Маск испрати спортски автомобил во вселената
февруари 07
07:55 2018

Новата голема ракета на компанијата „Спејс Екс“ успешно беше лансирана вчера на својот прв тест-лет, превезувајќи црвен спортски автомобил, што потоа се упати на бесконечен пат во орбитата околу Сонцето, при што ќе помине и покрај Марс.

Фалкон хеви“, ракетата на милијардерот Илон Маск од 90 милиони долари, полета од истата лансирна рампа што НАСА пред половина век ја користеше за да ги испрати првите луѓе на Месечината. Со успешното одвојување од Земјата, „хеви“ стана најмоќната ракета на светот, речиси двојно помоќна од својот најголем конкурент.

Трите помошни ракети и 27-те мотори на „фалкон хеви“ стартуваа во 15.30 часот по локално време во вселенскиот центар „Кенеди“, додека илјадници луѓе сведочеа на историскиот момент од плажите, мостовите и патиштата во близина. Две од помошните ракети успешно се вратија на предвидените локации на Земјата неколку минути подоцна, што беше уште еден голем триумф за тимот на Маск.

 

 

Луѓе дојдоа од целиот свет за да видат она што ќе биде или историски лет на ракета или најдобар огномет што некогаш се случил“, кажа Маск.

Тој избра необичен, но практичен товар за ракетата – црвен модел на „тесла роудстер“, зад чиј волан седи кукла облечена во вселенско одело, чиј пат низ вселената ќе биде придружуван од песна на Дејвид Боуви.

Лансирањето на „фалкон хеви“ стана вториот најпопуларен пренос во историјата на Јутјуб, со 2,3 милијарди гледачи во еден момент.

Оваа ракета во орбитата би можела да носи товар од речиси 64 тони, што е 24 тони повеќе од класичен спејс шатл.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар