MKDNews.com

Почна карневалот во Рио

Почна карневалот во Рио
февруари 10
08:01 2018

Почна најголемата забава на светот – карневалот во Рио де Женеиро .

Градоначалникот Марсело Кривеља го објави почетокот на најмасовниот карневал во светот . Кралот ,,Момо “ прогласи дека до среда, до завршувањето на карневалот ,  тој ќе владее со градот на чудата.

Годинешниот карневал ќе биде во знакот на потсмевот . Така , една од најголемите школи на самбата се подготви за исмевање на корупцијата во Бразил .

На голема платформа ќе продефилира стаорец , а покрја него ќе се возат танчерите во костими на политичари. Друга школа за тема ги има вампирите , а главниот ќе биде претставе преку куклата на претсеседателот на Бразил , Мишел Темер , кој е обвинет за корупција.

Неизбежни се и преубавите Бразилки и нивните раскошни костими .

За безбедноста на карневалот се задолжени 17 000 полицајци .

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com