MKDNews.com

НБА: Трет трипл-дабл по ред на Јокиќ за победа на Денвер

НБА: Трет трипл-дабл по ред на Јокиќ за победа на Денвер
февруари 24
09:45 2018

Акцијата се врати на НБА терените синоќа, по еднонеделната пауза поради Ол-Стар натпреварот. Во неколкуте натпревари кои се одиграа, индивидуалните партии на неколку играчи се издвоија како хајлајт на вечерта.

Тимот на Денвер Нагетс стигна до победа против Сан Антонио Спарс со резултат 122:119.

Никола Јокиќ беше најзаслужен за победата на Нагетс против Спарс, остварувајќи нов трипл-дабл со што му помогна на неговиот тим. Српскиот центар забележа 28 поени, 11 скока и 11 асистенции против Спарс, со што дојде до третиот трипл-дабл во третиот натпревар по ред. Одличен во натпреварот беше и Гери Херис, кој постигна 23 поени.

Во тимот на Сан Антонио Спарс веќе некое време фали присуството на Кавај Ленард, па составот мора да се обликува околу Ламаркус Олдриџ. Тој засега ја оправдува довербата на Грег Попович, и вчера постигна 38 поени за барем да го држи натпреварот неизвесен до самиот крај.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com