MKDNews.com

Мицкоски: За 9 месеци Владата реализираше очајно ниски 42% од планот 3-6-9 за пристап во ЕУ

Мицкоски: За 9 месеци Владата реализираше очајно ниски 42% од планот 3-6-9 за пристап во ЕУ
февруари 21
07:05 2018

За девет месеци Владата реализираше очајно ниски 42% од планот 3-6-9 за пристап во ЕУ, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за 24 Вести.

-Овде имаме ние документ од Владата, јас го земав со мене, за да го презентирам. На владина седница, 15.02.2018 година е презентиран, пред некој ден.

Ова е документ, нацрт-записник во кој што се дава осврт на она што се вели 3-6-9 план. Во овој момент, деветката завршува, вие имате нецели 42 проценти од она што сте се обврзале во овој план 3-6-9 да го реализирате, реализирано.

Еве, ова е резултатот, 42 проценти, губат сите луѓе овде, не губат политичарите, рече Мицкоски.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести