MKDNews.com

Колбас долг 2 километра, тежок 2,5 тона

Колбас долг 2 километра, тежок 2,5 тона
февруари 19
07:30 2018

Во Турија, населба во општина Србобран, Војводина, е претставен можеби најдолгиот колбас на светот, долг 2.034 метри и тежок 2,5 тона.

Колбасот, чии димензии може да бидат впишани во Гиниовата книга на рекорди, е претставен на прочуената „Колбасијада“, најголем фестивал на колбаси во Србија.

Џиновскиот колбас во центарот на населбата бил пренесен со трактор, завиткан во целофан и во придружба на тамбураши.
Колбасот завршил на распродажба, а се продавал на метар.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар