MKDNews.com

Коѕиас:Македонија е како невеста што се мисли дали на своето презиме да го стави и тоа на сопругот

Коѕиас:Македонија е како невеста што се мисли дали на своето презиме да го стави и тоа на сопругот
февруари 02
19:26 2018

Деценискиот спор за името ќе се реши до јуни. Премиерот Заев и шефот на грчката дипломатија Коѕиас со ист став. На прашање на Ројтерс што ќе биде напредок за Грција ако спорот со Скопје не се реши до јуни, Коѕиас одговара: „Ќе се реши“. Грчкиот шеф на дипломатијата дури ја споредува Македонија со невеста на свадба која се мисли дали да го прифати презимето на сопругот.

– Ние нема да ја крстиме оваа земја. Оваа земја го содржи името Македонија и всушност за 140 земји е без непријателски склоности. Она што го правиме денес е како свадба. Тоа е како жена која на нејзината свадба се прашува дали, освен своето презиме, исто така ќе го прифати и презимето на нејзиниот сопруг – рече тој.

Пред самото пристигнување на медијаторот во Атина, Коѕиас за грчка државна телевизија изјави и дека проблемот вклучува 7 точки: името, употребата на името, идентитетот, јазикот, трговската употреба, знаците и акронимите. Побара уставни промени како и промена на македонските пасоши и лични карти.

Како ќе биде решен спорот засега медиумите дознаваат само од провокаторски изјави покриени со вел на национализам и наводно зачувување на достоинството на двете земји. Она што е сега јасно е дека и премиерот Заев го дели ставот на официјална Атина. Очекува до средината на годината да се најде решение за името. Евентуалното решение требало да биде одобрено на референдум, за кој Македонците биле подготвени.

– Убеден сум дека Македонците се подготвени за тоа. Но, се уште сме во преговори и се надевам дека решението ќе го сочува достоинството на граѓаните и на Грција и на Република Македонија – смета Заев.

Коалиционите партнери во Владата, СДСМ и ДУИ не се согласуваат околу спроведувањето референдум за името, но се согласуваат за решение до јуни. Вицепремиерот Османи порачува ако не се реши спорот во 2018 нема да се реши ниту во наредните 10 години.

Во меѓувреме грчката влада порача – Изјавите на Димитров за време на преговорите не помагаат, Заев знае дека постојат конкретни барања за да можеме да стигнеме до прифатлив договор.

– Мислам дека изјавите на господинот Димитров, за време на преговорите, не помагаат во оваа насока, бидејќи знае многу добро, за овие теми разговараа и двајцата лидери господинот Заев и господинот Ципрас дека постојат конкретни барања, политички барања за да можеме да стигнеме до заемно прифатлив договор. Првото е сложено име. Второто е она што го нарекуваме ерга омнес односно кон сите, сложено име за севкупна употреба, што го вклучува и соседот, што значи дека е неопходна уставна ревизија, за да може ова ерга омнес да се реализира. И третото е она што се однесува на иредентизмот, што исто така се поврзува со уставна ревизија. И мислам дека добро ќе биде да не го предвидуваат резултатот и да не поставуваат црвени линии – рече Димитрис Ѕанакопулос, портпарол на грчката влада.

Во време кога медијаторот Нимиц гледа оптимизам за скоро решавање на деценискиот спор, грчките партии трпат огромни несогласувања и се организираат масовни протести во Грција, Македонската власт вели дека сега е позитивен моментот за решение со почитување на идентитетот и дигнитетот на двата народи.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com