MKDNews.com

Кенгур претепа тинејџер

Кенгур претепа тинејџер
февруари 19
07:05 2018

Деветнаесетгодишниот Џошуа Хајден во лов на кенгури завршил како жртва – кенгур му ја скршил вилицата и му го повредил окото.
Имено, Хајден со својот брат тргнале во лов на кенгури во Келерберин, Западна Австралија, и здогледале три кенгури од својот автомобил, но набрзо едниот им се изгубил од видик.

Џошуа се обидел да ги нанишани другите два кенгура, па ја извадил главата од прозорецот, но тогаш повторно се појавило третото животно и го нападнало пред тој да пука. Раскажал дека кенгурот удрил во автомобилот и го скршил предниот прозорец, а потоа го удрил него директно во вилицата.

Момчето се здобило со тешки повреди на главата и на вилицата и сега се наоѓа во болницата Ројал Перт, каде што чекаат да му помине отокот за да го оперираат.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести