MKDNews.com

Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ иницира Македонија да се приклучи на Евроатланската иницијатива „Трите мориња“

Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ иницира Македонија да се приклучи на Евроатланската иницијатива „Трите мориња“
февруари 12
23:31 2018

ВМРО-ДПМНЕ ќе поведе надворешно политичка иницијатива за пристапување на Република Македонија кон иницијативата „Три мориња“ во која што членуваат дванаесет европски земји во триаголникот на морињата од Балтикот, од Црно Море и од Црно Море до Јадранското море. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги насочи своите надворешно политички ресурси, иницијативи и контакти со цел за обезбедување на Република Македонија на нејзино полноправно членство во оваа важна регионална иницијатива.

Ова го истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Се работи за иницијатива која што покрива еден милион и двесте илјади километри квадратни и повеќе од 110 милиони жители. Членки на оваа иницијатива три мориња за која што сакаме и Република Македонија да се приклучи се следните дванаесет земји, тука се трите Балтички земји, Литванија, Естонија и Латвија, понатаму средноевропските земји како што се Полска, Унгарија, Чешка и Словачка, на оваа иницијатива се приклучи исто така и Австрија како една од истакнатите земји членки на Европската Унија, понатаму тука во оваа иницијатива се Словенија и Хрватска, како и Романија и Бугарија. Сметаме дека Република Македонија треба да биде тринаесеттата земја членка која што ќе се приклучи на иницијативата „Трите мориња“. Уште неколку работи би сакал да кажам а тоа е дека се работи за европска иницијатива истовремено се работи и за иницијатива која што силно е поддржана од САД односно од администрацијата на Претседателот на САД, Доналд Трамп.Во изминатата недела делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ за време на посетата во Вашингтон , за време на средбите со претставниците на Стејт департментот на Белата куќа, како и на Тинк Тенк заедницата вклучувајќи ги и средбите со конгресмените и сенаторите ја споменавме оваа идеја и оваа идеја за членство на Република Македонија во иницијативата на „Трите мориња“, апсолутно наидува на поддршка од Вашингтон, истакна Ѓорчев.

Вели дека оваа иницијатива ќе ја лансираат и во рамките на европската народна партија каде што членува ВМРО-ДПМНЕ и преку Европската народна партија, преку нивните контакти во Брисел ќе ја промовираат оваа идеја.

-Исто така ВМРО-ДПМНЕ ќе иницира и средби со амбасадорите на земјите членки на иницијативата на „Трите мориња“ односно сите оние кои што се акредитирани во Скопје, каде што ќе образложиме и промовираме оваа идеја. Клучните работи на којшто е сконцентрирана оваа иницијатива се инфраструктурните проекти, односно автопати  како и делот на енергетската безбедност и енергетските коридори. Значи ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покренува силна меѓународна иницијатива а тоа е пристапување на Република Македонија на иницијативата на „Трите Мориња“ каде што членуваат 12 европски земји од Балтичкото море преку Црното море и од Црното море до Јадранското море и во тој дел Република Македонија  треба да се приклучи кон оваа групација.

До сега се одржани 2 самити на оваа иницијатива во 2016-тата година во Дубровник, вториот е во Варшава во 2017-тата година каде што исто така покрај овие 12 европски лидери се обрати претседателот на САД, Доналд Трамп, а третиот самит на оваа иницијатива ќе се одржи иво Букурешт во текот на оваа 2018 година.

-Ако би можел да резимирам се во една реченица или пак во еден пократок ТВ сегмент, тоа би било следново, односно ВМРО-ДПМНЕ ќе покрене широка меѓународна иницијатива за пристапување на Република Македонија кон иницијативата на „Трите мориња“, иницијатива која што е иницирана од Балтичкото море до Црното море и од Црно Море до Јадранското море, во која што членуваат 12 европски земји, кој што добар дел од нив односно сите се и членки на ЕУ.   Иницијатива која што е проевропска но и евроатланска, која што е подржана силно од САД и претседателот Доналд Трамп. Исто така во тој дел ВМРО-ДПМНЕ ќе иницира контакти со Европската народна партија со амбасадорите на земјите членки тука во Скопје во Македонија за да се операционализира и потткине членството на Македонија во иницијативата „Трите мориња“, истакна Ѓорчев.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com