MKDNews.com

Ѓоковиќ го оперираше лактот, очекува комплетно закрепнување

Ѓоковиќ го оперираше лактот, очекува комплетно закрепнување
февруари 03
11:27 2018

Најдобриот српски тенисер и поранешен орв светски рекет Новак Ѓоковиќ потврди дека бил под медицински третман на лактот, нагласувајќи дека очекува комплетно закрепнување од повреда.

По елиминацијата во осминафиналето финалето на Австралија опен, Ѓоковиќ најави нова подолга пауза поради проблемите со десниот лакт.

– Би сакал да ги споделам вестите за моето закрепнување. Веќе две години добив различни дијагнози, мислења, препораки и препораки за работа …. Морам да признам дека тоа беше многу тешко за мене.

Паузирав шест месеци, убеден дека тоа е доволно да закрепнам, но по сите терапии се уште чувствував болка, изјави Ѓоковиќ.

Затоа, пред неколку дена, имав медицинска интервенција на раката во Чешка. Ми се чини дека сум на добар пат да закрепнам целосно, но знаете, ова е голем предизвик – вели Ѓоковиќ.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com