MKDNews.com

Дваесет илјади луѓе поканети на пробата за Свеченото отворање на ЗОИ

Дваесет илјади луѓе поканети на пробата за Свеченото отворање на ЗОИ
февруари 02
19:09 2018

Официјалната проба на Церемонијата на отворањето на зимската Олимпијада ќе се одржи во сабота на Олимпискиот стадион во Пјонгчанг од 20 часот по локално време, соопштија организаторите.

 На настанот се поканети 20 илјади луѓе, меѓу кои волонтерите на Игрите, жители на градот и официјални лица.

Гледачите ќе бидат обврзани да ја задржат во тајност програмата, забрането ќе биде снимање на делови од пробата или јавно прогласување на детали од неа .
Таквите дејствија можат да доведат до законски мерки против прекршителите од страна на организаторите.

Строго забрането е внесување на камери и фото апарати, а домаќините ќе го следат и користењето на мобилни телефони.
Организаторите за утре очекуваат студено време и температури од минус 12 степени.

Официјалната церемонија на отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг ќе се одржи на 9 февруари, за кога метеоролозите прогнозираат температури од минус 7 степени, но поради ветрот чувството ќе биде за постудено време.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар