MKDNews.com

Целосна пресвртница – имал 127 килограми и работел по 12 часа дневно, а сега е модел кај Бекам!

Целосна пресвртница – имал 127 килограми и работел по 12 часа дневно, а сега е модел кај Бекам!
февруари 21
07:25 2018

Вешланецот Гвилим Пух (21) во еден момент од својот живот имал дури 127 килограми, а по совет на неговиот бербер го променил животот.

Тој го наговорил да пути брада, поради што стана познат во целиот свет.

– Тогаш имав вишок килограми, работев по 12 часа дневно, имав проблеми и со повреди, што значи дека не можев да тренирам- раскажува Пух и додава дека неговата работа одела добро, но дека морал да посвети внимание на животот и здравјето.

Тој и неговите пријатели основале фолк бенд, а берберот го советувал да пушти брада. После тоа започнал диета, а најголемата промена во неговиот живот било напуштањето на канцелариската работа.

– Најдобра работа за моето здравје беше што прекинав да седам девет до десет часа дневно, вели Гвилим.

За пет години изгубил 40 килограми, а бројот на неговите Инстаграм фанови бил се поголем.

Велшанинот сега е член на лондонска модна агенција и работи на кампањи за популарни брендови. Тој е и заштитно лице на брендот за машка козметика на Бекам.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com