MKDNews.com

Танцувањето е тајната на долговечноста, открија невронаучниците

Танцувањето е тајната на долговечноста, открија невронаучниците
јануари 26
08:24 2018

Невронаучниците конечно открија која активност, а навистина е благопријатна, може да помогне да го одложиме стареењето, пишува Curious Magazine

Според студијата објавена во списанието „Frontiers in Human Neuroscience“, телесно активните луѓе можат да го забават процесот на стареење на својот мозок. Според научниците, најефикасен начин да го постигнете тоа е танцувањето.

Зошто танцувањето е најдобрата активност?

Според доктор Кетрин Рефилд, водителка на студијата, телесната активност има ефект на забавување и спречување на пропаѓањето на менталните и телесните способности, кое доаѓа со возраста.

Истражувањето покажа дека две телесни активности – танцувањето и вежбите за издржливост – го зголемуваат оној дел од мозокот што е најмногу склон кон пропаѓање. Дополнително, самото танцување се покажа како особено корисно кога се работи за одржување рамнотежа, па дури и подобрување на рамнотежата.

Научниците за ова истражување одбрале 52 волонтери на возраст од 63 до 80 години и ги поделиле во две групи – првата група се вклучила во работилници за танцување, а втората била спортска контролна група.

Танцувачката група почнала со курс за танцување со постојани промени во кореографијата, кои испитаниците морале да ги запомнат. Од друга страна, програмата на спортската група вклучувала вежби за сила, издржливост и флексибилност.

Кај двете групи било забележано зголемување на хипокампусот, подрачје од мозокот кое е најподложно на стареење. Тој дел од мозокот исто така е задолжен за меморија, рамнотежа и флексибилност.

Но, само кај волонтерите во танцувачката група се зголемиле и деловите од левата страна на хипокампусот, како и посебниот дел од десната страна наречен субикулум.

Студијата докажа дека танцувањето, особено кога е придружено со промени во кореографијата, е подобра активност во споредба со некои повторувачки активности, како велосипедизмот или пешачењето.

А што е со оние што имаат „две леви нозе“ и немаат чувство за ритам?

Обидете се да се „изгубите“ во музиката и да не мислите дека можеби ќе изгледате смешно, велат научниците. Имено, музиката има терапевтско дејство затоа што го подигнува нивото на среќата.

„Верувам дека сите во животот сакаат да бидат независни и здрави што е можно подолго. Телесната активност е еден од начините како да се постигне тоа затоа што ги намалува ризик-факторите наеднаш. Сметам дека танцот е многу моќна алатка која им овозможува на телото и на духот подолго да останат млади“, истакнува доктор Рефилд.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар