MKDNews.com

Паметните телефони ја менуваат хемиската рамнотежа во мозокот

Паметните телефони ја менуваат хемиската рамнотежа во мозокот
јануари 02
08:29 2018
Многумина од нас не можат да издржат да поминат неколку часа, а да не погледнат во своите паметни телефони. Новото истражување открива дека зависноста од оваа технологија може да предизвика хемиска нерамнотежа во нашиот мозок.

Истражувањето претставено на состанокот на Радиолошката асоцијација на Северна Америка открива дека младите луѓе што се зависни од паметни телефони покажуваат хемиска нерамнотежа во мозокот.

Неколку истражувачи од корејскиот универзитет спровеле истражување предводено од професорот по неврорадиологија Хунг Сук Сео. Тие користеле спектроскопиум магнетна резонанција за да го истражат хемискиот состав на мозокот кај тинејџерите на кои им била дијагностицирана зависност од паметните телефони или од интернетот.

-19 млади тинејџери, од кои 9 момчиња и 10 девојчиња на возраст од 15 години, биле споредени со здрава контролна група од истиот пол.

– 12 кандидати биле на когнитивно-бихевиорална терапија, врз основа на слична програма смислена да им помогне на луѓето зависни од видеоигри.

Стандардизираните тестови им помогнале на научниците да одредат колку е тежок секој поединечен случај со зависност. Учесниците биле испитувани за детали поврзани со употребата на паметните телефони и колку тоа влијае врз нивната секојдневна активност, од социјалниот живот до обрасците за спиење.

Се покажало дека тинејџерите што биле зависни од своите паметни телефони и од интернет имаат повисоки резултати на тестовите што мерат депресија, анксиозност, несоница и импулсивност.

Учесниците биле тестирани на магнетна резонанција пред и по нивната бихевиорална терапија, додека контролните пациенти се тестирани еднаш за да се утврди основната состојба.

Магнетната резонанција ги мерела нивоата на гама-аминобутерна киселина, невротрансмитер што ги инхибира или забавува мозочните сигнали, и глутамат-глутаминот, што предизвикува поголема електрична возбуденост на електроните. Постапката открива дека односот на гама-аминобутерната киселина наспрема глутамат-глутаминот кај младите зависници е многу повисок пред терапијата во споредба со нивоата утврдени кај контролните пациенти.

„Повисокото ниво на гама-аминобутерна киселина и нарушената рамнотежа помеѓу оваа киселина и глутамат во предниот сингуларен кортекс, односно регионот на мозокот за рационално одлучување и контрола на емоциите, може да придонесе за нашето разбирање на патофизиологијата и третманот на независност“, вели д-р Сео.

Абнормалното ниво на гама-аминобутерна киселина е поврзано со несакани ефекти, што вклучуваат промени во расположението и анксиозност. Д-р Сео верува дека оваа нерамнотежа може да е поврзана со губењето на функционалноста во однос на способноста за одредени когнитивни и емоционални нервни мрежи на поединецот и како тој ги обработува неговите искуства.

Бихевиоралната терапија применета во истражувањето сигурно го имала посакуваниот ефект. Односот на гама-аминобутерната киселина наспрема глутамат-глутаминот кај зависните учесници по терапијата се покажа многу помал или се намалил на нормално ниво, што можело да се види на магнетната резонанција направена по третманот.

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com