MKDNews.com

Најтешкиот човек на светот се обидува да ослабне

Најтешкиот човек на светот се обидува да ослабне
јануари 09
07:02 2018

Мексиканецот Хуан Педро Франко, кој лани влезе во Гинисовата книга на рекорди како најтежок човек во светот, тежејќи 595 килограми, сега одлучи дека ќе оди на диета за да проба да изгуби дел од тежината.

риесетитригодишниот Хуан Педро Франко веќе долги години е неподвижен во неговиот кревет, неспособен да се движи поради неговата килажа.

Франко преживеал сообраќајна несреќа кога имал 17 години, но неговото тело никогаш не се опоравило од тоа, по што неговиот имунитет се намалил и тој почнал да боледува од дијабетес, висок крвен притисок и има сериозни проблеми со тироидната жлезда.

Тој тврди дека веќе со години се обидува да ослабне, но тоа не вродило со никаков резултат, туку напротив, тој само продолжил да ја зголемува тежината. Затоа, сега тој се обрати кон хируршка помош, надевајќи се дека модерната медицина може да му помогне.

Со хируршката процедура која му беше изведена, хирурзите му ги поделија цревата на пола, од кои едната половина ќе ги апсорбира нутритивните елементи од храната, а другата половина не. Тоа значи дека Франко ќе апсорбира само околу 40-50% од калориите кои ги внесува.

Тој е оставен да се опоравува, а докторите очекуваат Франко да стигне до тежина од 120 килограми во наредните месеци.

„Сакам да го почувствувам воздухот, улицата, да бидам надвор. Многу е тешко да се биде затворен во четири ѕида, гледајќи само во нив по цели денови“, рече Хуан Педро Франко.

Франко се надева дека за него ќе има иднина која е подобра од овие десетина изминати години. Наместо да се откаже и да се помири со ситуацијата, тој презема чекори со кои ќе си го олесни животот.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com