MKDNews.com

Митко Јанчев, Владо Мисајловски и Александар Николовски нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ

Митко Јанчев, Владо Мисајловски и Александар Николовски нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ
јануари 12
21:03 2018

Вечерва во централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ, беше избран новиот Извршен комитет на партијата.

Новиот список со имиња е спој на млади и искусни партиски кадри.

Нов генерален сектретар со одлука на ЦК е Игор Јанушев.

Потпретседатели се Митко Јанчев, Александар Николовски и Владо Мисајловски.

Членови на ИК се тројца претседатели на општински комитети- Иван Јорданов од Штип, Кирил Пецаков од Охрид и Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода.

За членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, како што ce дознава се избрани и: Владимир Нелоски, Даниела Рангелова, Игор Николов, Трајко Славевски, Драги Димитриевски, Влатко Ѓорчев, Силвана Ангелеска, Тони Михајловски, Димитар Димовски, Дафина Стојаноска, Златко Перински, Коце Трајановски, Дејан Јовановски, Дејанчо Ефтимов, Цветан Трипуновски, Игор Божиновски, Костадин Богданов, Ане Лашкоска и Бајрам Требишки.

Седницата на Централниот комитет на партијата се уште трае.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com