MKDNews.com

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собранието кога ќе се создадат демократски услови

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собранието кога ќе се создадат демократски услови
јануари 09
21:41 2018

Со дел од пратениците на ВМРО ДПМНЕ, новиот лидер на партијата Христијан Мицкоски денеска на прес конференција пред Собранието рече дека одлучле да не учествуваат во собраниската работа поради тоа што 12 отсто од пратениците на ВМРО ДПМНЕ, односно 5 отсто од сите пратеници се наоѓаа во притовор и „конструирано“ се обвинети за тероризам.

Мицкоски напомена дека не постојат демократски услови за работа на Парламентот и дека ова за нив претставува политички прогон кој се додека не запре, пратениците од најголемата опозициска партија нема да се вратат. Тој рече дека комуникацијата со владејачкото мнозинство постои за некои од најважните прашања, како што се собраниските комисии, но како што рече, не е честа. Тој ја повика власта да се одлули дали приоритет и се реформите или како што рече пресметка со неистомислениците.

На новинарско прашање како ќе поднесат предлог закон за амнестија ако не учествуваат во работата на Парламентот, Мицкоски рече дека првиот момент кога ќе има демократски услови, тогаш пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе делуваат.

Во врска со прегрупирање на пратениците од десет во една пратеничка група, рече дека сите опции се отворени.

-Пратеничката група на ДПМНЕ, онаа која е на слобода е апсолутно конструктивна, ВМРО- ДПМНЕ е обединета и сите заедно стоиме позади оваа одлука да не учествуваме во собраниските активности, вели Мицкоски.

Мицкоски рече и дека ВМРО-ДПМНЕ не е запознаена со процесот кој би требало да се одржи во Париз, во куќата на Жан Моне.

„За таков процес не сме информирани, ниту имаме официјална покана, ниту ја имаме содржината и намената на овој процес. ВМРО-ДПМНЕ не е запознаена ниту со датата ниту со целта ниту со содржината за евентуално одржување на тој процес“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com