MKDNews.com

Димитров и Коѕијас се сретнале во Солун

Димитров и Коѕијас се сретнале во Солун
јануари 11
22:27 2018

Министрите за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас одржаа средба во Солун.

Според соопштението од МНР средбата се одржа во рамки на воспоставениот дијалог и консултации меѓу двете земји, насочени кон зајакнување на транспарентноста и меѓусебната доверба. На средбата Министрите имаа добар разговор фокусиран на унапредувањето на билатералните односи и соработката во поширок контекст, поврзано со тековните Мерки за градење доверба.

Министрите изразија заедничко очекување дека на претстојниот состанок на 17 јануари 2018 , личниот претставник на Генералниот секретар на ООН  Нимиц, ќе стави на маса инцијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликата околу името. МНР Димитров и МНР Коѕијас разговараа за методологијата, за пристапот на двете страни, како и за рамката на процесот за надминување на разликата околу името, и се сложија да имаат подиректна улога во разговорите со цел надминување на разликата околу името.

Исто така тие разменија мислења поврзани со Мерките за градење доверба и други подготовки околу следните средби на високо политичко ниво меѓу двете земји.

И грчките медиуми информираат за средбата Димитров – Коѕијас .

Во хотелот „Македониа Палас“ во центарот на Солун средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција.

Mедиумите во Грција, средбата ја карактеризираат како „тајна“ со оглед на тоа дека ниту од македонското, ниту од грчкото МНР не беше соопштено ниту времето ниту местото на одржување.

– Во Солун, во огромна тајност и под силни безбедносни мерки, се одржа средбата на министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас со неговиот скопски колега, Никола Димитров, во временски период кога и двете земји брзаат да најдат взаемно прифатливо решение за името за Скопје за да може ФИРОМ да се интегрира во НАТО, пишува солунскиот информативен портал Вориа, пренесува МИА.

Дел од грчките медиуми објавија и фотографии од хотелот каде што се одржа средбата.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com