MKDNews.com

Димитров: Македонија и Грција ќе формираат работни групи за името

Димитров: Македонија и Грција ќе формираат работни групи за името
јануари 12
21:08 2018

Македонија и Грција се согласија да формираат работни групи, предводени од министрите за надворешни работи и кои ќе водат разговори за решавање на 25-годишниот спор за името, изјавил министерот за надворешни работи, Никола Димитров во интервју за Ројтерс.

„Убедени сме дека постои волја од двете страни страни за напредок“, вели Димитров кој вчера во Солун се сретна со неговиот грчки колега Никос Коѕијас.

Првата средба на работните групи, според него, би се случила веќе во февруари, а работните групи предводени од министрите директно би преговарале за можните решенија за спорот со името.

„Имаме голема одговорност. Но, јасно е дека идентитетот е важен за нас. Мора да најдеме начин да ги убедиме нашите грчки колеги дека има јасна дистинкција меѓу нашата земја и регионот во северна Грција“, изјавил Димитров, објаснувајќи дека Македонија е свесна за грижите што може да ги има соседната земја.

Тој, како што додава е внимателен оптимист кога се говори за изнаоѓање решение.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com