MKDNews.com

Заев – Могерини: Убедлив и видлив е напредокот на Република Македонија

Заев – Могерини: Убедлив и видлив е напредокот на Република Македонија
декември 06
19:24 2017

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска оствари средба со Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

На средбата со Могерини, на која присуствуваа и Бујар Османи, заменик претседател на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања и Никола Димитров, министер за надворешни работи, премиерот Заев истакна дека личната посветеност и ангажираност на високите претставници на највисоките институции на ЕУ, како и институционалната поддршка од телата на Европската Унија, се е од клучно значење за поддршка на тековните напори на Владата.

 

Тој додаде дека огромни напори биле инвестирани од страна на Владата и од ЕУ за да се врати Република Македонија на вистинскиот пат, и да се создадат позитивни случувања после долготрајната политичка криза.

– Сега е време да ги искористиме овие напори. Продолжуваме со силна посветеност и несомнена политичка волја, иако на внатрешен план имаме одредени политички околности. Очекуваме дека ЕУ ќе покаже визија и ќе обезбеди одлука за отпочнување на преговорите за пристапување во првата половина од 2018 годинa – потенцираше Претседателот на Владата на РМ на средбата со Могерини во Брисел.

Премиерот Заев додаде дека примарната посветеност на Владата на РМ, е да се изгради модерна европска земја што ги дели европските вредности, со функционална демократија базирана на владеењето на правото и врз заеднички споделени основни вредности.

– Имаме аргументи да докажеме дека Република Македонија е најдобрата „успешна приказна“ во 2017 година и може многу да придонесе за добрососедските односи, регионалната соработка, стабилноста и безбедноста на регионот на Западен Балкан и во Европа – нагласи Заев.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев ги искажа очекувањата од Стратегијата за проширување на ЕУ, најавена од страна на Претседателот на Европската комисија Јункер, и истакна дека едно од тие очекувања е отворање на можноста за секоја земја да напредува колку што е можно побрзо во процесот на пристапување врз основа на сопствените заслуги.

– Република Македонија ќе се стреми да се израмни и да влезе во групата земји предводници на процесот. Треба да бидеме во пакетот. Тоа ќе нè стабилизира за подолг рок – потенцираше премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев истакна дека Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, во мај 2018 година, за време на бугарското претседателство со ЕУ, ќе биде јасна можност за обновување на заедничките обврски на земјите од Западен Балкан и на ЕУ.

 

Тој нагласи дека фокусот е да се гради нов дух во нашите односи, да се отвори дијалог за решавање на нерешаните прашања, да се изградат мостови за соработка базирани на взаемна доверба и почит, како со соседите, така и со другите земји во регионот.

Од своја страна, Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини истакна дека е видливи напредокотшто го оствари Република Македонија за само една година, и дека тоа е добар знак и во однос на напредувањето на државата во евроинтеграциските процеси.

На средбта заеднички е констатирана неопходноста од соработка со опозицијата на важните стратешки прашања за земјата, и дека каналите за комуникација треба да бидат постојано отворени.

На средбата во Европската Комисија кај Могерини е нагласено дека претстојните месеци до првата половина на 2018 година се круцијални кога е во прашање процесот за отворање на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ. Посочено еи важноста, колку што е можно побргу, да се одржат средби на високо ниво меѓу Република Македонија и Република Грција.

Во завршницата на разговорите беше потенцирано дека новиот пакет за проширување треба да ги опфати сите земји на Западен Балкан, како знак за поддршка на стабилноста и напредокот на целиот регион.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com