MKDNews.com

Заев: Македонија треба да биде во новиот пакет за проширување на ЕУ

Заев: Македонија треба да биде во новиот пакет за проширување на ЕУ
декември 06
19:17 2017

Македонската Влада и ЕУ вложија огромни напори за повторно враќање на Република Македонија на брзиот пат кон членство во ЕУ, истакна премиерот Зоран Заев на дебата во Брисел посветена на Македонија потенцирајќи дека резултати има, но и несомена политичка волја. Македонија, смета тој, треба да биде во новиот пакет за проширување, бидејќи тоа ќе ја стабилизира и ќе отвори перспективи.

– Сега е време да ги искористиме овие напори. Ние продолжуваме да даваме резултати со силна посветеност и несомнена политичка волја. Иако се соочуваме со сериозни предизвици во домашни услови. Имајќи го тоа на ум, апелираме до ЕУ да одговори со визионерски пристап и да обезбеди одлука за отпочнување на преговори за пристапување во првата половина од 2018 година, рече Заев на трибината на тема „Македонија по шарената револуција: Нови можности за успешно пристапување во ЕУ“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, соопшти неговиот Кабинет.

Заев, како што соопшти неговиот Кабинет, потенцирал дека владините политики имаат за цел да ја убедат Европската комисија, како наш партнер и водич за исполнување на македонската стратешка цел да стане членка на ЕУ, дека Република Македонија е најдобрата успешна приказна во 2017 година, и дека како таква, нашата земја може многу да придонесе за добрососедските односи, регионалната соработка, стабилноста и безбедноста на регионот на Западен Балкан и во Европа.

Главниот фокус на Планот 3-6-9 во наредниот период, информирал Заев, е на судството, контрола на следењето комуникации, реформите во јавната администрација и доброто управување, како и на други, исто толку важни области.

Од аспект на очекувањата од новата стратегија за проширување на ЕУ, македонскиот премиер истакна дека очекувањата на Македонија се дека процесот ќе биде колку што е можно поинклузивен, со отворање можност за секоја земја да напредува колку што е можно побрзо во процесот на пристапување, врз основа на сопствените заслуги.

– Република Македонија ќе се стреми да се израмни и да влезе во групата предводници во тој процес. Ние сме во таков процес повеќе од 12 години. Добро ги познаваме инструментите на политиката за проширување. Можеме лесно да се израмниме. Треба да бидеме во пакетот. Тоа ќе не стабилизира подолгорочно и ќе отвори перспективи, истакна Заев.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com