MKDNews.com

Владата призна дека Брисел и сугерира да ги забрза реформите

Владата призна дека Брисел и сугерира да ги забрза реформите
декември 06
19:10 2017

На новинарско прашање дали се пристигнати конкретни забелешки од Брисел за брзината со која се спроведуваат реформите за евроинтеграциите и колку тие се абдејтирани во фактографскиот извештај за имплементација на планот 3-6-9, владиниот портпарол Миле Бошњаковски рече дека сè што е добиено се сугестии за забрзување на реформските пакети предвидени во тој план.

– Во фактографскиот извештај кој е јавен документ и ставен на владината страница се адресирани наредните активности во рамки на планот 6-3-9, и прецизно се одредени обврските кои произлегуваат за исполнување на тие активности. Од Брисел се добиени сугестии за забрзување на процесите – изјави Бошњаковски.

Делегација на Македонија в понеделник во Брисел ќе ја претстави Годишната национална програма за членство во НАТО за 2017-2018 година пред Комитетот на заменици постојани претставници на земјите членки во Алијасната, со што официјално ќе започне 18-от циклус на Акцискиот план за членство во НАТО.

Предлог – текстот на Годишната национална програма на Република Македонија за членство во НАТО за 2017-2018 година беше усвоен вчера на седница на Владата.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com