MKDNews.com

Турција го повика светот да го признае источен Ерусалим за палестински главен град

Турција го повика светот да го признае источен Ерусалим за палестински главен град
декември 13
22:41 2017

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска го повика светот да го признае источен Ерусалим за палестински главен град. Повикот беше упатен на отворањето на вонредната седница на врвот на Организацијата за исламска соработка .

– Прво, палестинската држава треба да биде призната од сите останати држави. Ние сите треба да се бориме за тоа. Треба да побараме од другите држави да ја признаат палестинската држава врз основа на границите од 1967 година и со главен град источен Ерусалим, нагласи Чавушоглу.

Турција е ротациски претседател на ОИС и побара вонредна седница во Истанбул по одлуката на САД да го признаат Ерусалим за главен град на Израел. Целта е да се донесе заедничко решение како одговор на одуката на Трамп.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com