MKDNews.com

Советниците од ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија седницата на советот на општина Куманово

Советниците од ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија седницата на советот на општина Куманово
декември 06
19:12 2017

Советниците од Коалицијата „За подобра Македонија“ ја напуштија денешната трета седница на Советот на општина Куманово во знак на револт за притварањето на членови на ВМРО ДПМНЕ за настаните од 27 април годинава.

– Сведоци сме дека се врши притворање на луѓе околу нас кои размислуваат поинаку од актуелната власт и апсурдно е во такви услови, ние тука да разговараме за буџети или да разгледуваме финансиски извештаи за работа на јавните претпријатија, рече пред напуштањето на седницата координаторот на советничката група, Драган Петковски.

Третата седница на советот се одржа, бидејќи имаше кворум за работа. Беа усвоени извештаите на јавни претпријатија, „Чистота и Зеленило“, „Водовод“, беше донесена одлука за да се формираат паралелки со ученици под 24 во одделение, одлуките за утврдување на надоместок на членови на совет.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com