MKDNews.com

Попови на мотори (православен календар)

Попови на мотори (православен календар)
декември 28
07:09 2017

Календарите се одлична шанса да се прикаже голотијата како уметност, па речиси се навикнавме во ова време на годината да очекуваме и да видиме дванаесет еротски сцени распоредени на дванаесет листови луксузна хартија. Но Руското здружение на мотоциклисти на попови одлучи да објави календар за 2018 година, на кој се потрудиле да прикажат единство на побожност и љубов кон моторите.

Календарот го добил името „Твоите патишта“, а на фотографиите православните свештеници позираат покрај своите миленици.

На својот профил на социјалните мрежи минатата недела објавиле дека целта им била секојдневните моменти на свештените лица да ги прикажат и во поинакво светло.

„Ние ги сакаме моторите и возиме по истите патишта како и вие“, му порача друштвото на народот.

Како што тврдат од ова друштво, има повеќе од 50 мотоциклисти меѓу православните попови во Русија.

Да потсетиме, пред две години светот се запозна со уште еден необичен календар, а тоа е календарот на попови со нивните „мачки“.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com