MKDNews.com

Обвинeтиот во „Монструм“, Сами Љута, излезе од затвор

Обвинeтиот во „Монструм“, Сами Љута, излезе од затвор
декември 01
22:20 2017

Сами Љута вечерва излезе од затворот во населбата Шуто Оризари, како прв од четиритемина осудени во случајот „Монструм“, за кој Врховниот суд денеска ја укина пресудата и го врати предметот повторно во скопскиот Кривичен суд, јави „Порталб“.

При излегувањето бил поздравен со аплаузи од најблиските.

По него од затворот во Шуто Оризари и од „Идризово“ треба да излезат и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Хаки Азири.

Врховниот суд денеска донесе решение со кое обвинетите во случајот „Монструм“, кои беа осудени на доживотни затворски казни, се пуштени на слобода.

На обвинетите Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута им се определени други мерки за претпазливост, односно забрана за напуштање на живеалиште, односно престојувалиште, како и двапати неделно јавување пред Основниот суд Скопје 1.

Врховниот суд ги укина шесте доживотни казни и со пресуда го врати предметот во нов судски процес.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com