MKDNews.com

Jутјуб избриша 150.000 видеа со децa

Jутјуб избриша 150.000 видеа со децa
декември 02
07:24 2017

Американскиот сајт Јутјуб (Гугл) избриша повеќе од 150.000 видеоснимки со деца, придружени со многу непристојни коментари, а во некој случај и со педофилски коментари, навеле од платформата.

Во статија објавена во британски „Тајмс“ предупредуваа дека реклами на големи компании се појавуваат на Јутјуб со видеа на деца или адолесценти, кои предизвикуваат педофилски коментари на корисниците.

Јутјуб, кој најголем дел од заработката добива од рекламите, забранил и реклами со повеќе од 2 милиони видеа и 50.000 канали што се претставувале како семејни канали, но не биле такви. Компанијата исто така блокирала коментари за 625.000 видеа.

– Јасна е нашата политика против видеа и коментари кои сексуализираат или искористуваат деца и ја применуваме драстично секогаш кога сме предупредени на такви содржини – изјавиле од Јутјуб.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com