Две години затвор за пејачка која провокативно јаде банана во спот (видео)

декември 12
22:38
2017
Египетската пејачка Шима е осудена на две години затвор , поради провокативно јадење банана во видео спот.
Поп пејачката Шима била уапсена веднаш по објавувањето на музичкиот спот во кој освен банана , јаде и јаболка и колаче. За само неколку дена видеото го виделе над милион луѓе на социјалните мрежи , што дополнително ги разгневи конзервативците.
25- годишната пејачка денеска во судот се појави покриена со ниџаб , а додека ја чекала пресудата читала Куран .
Шима се извини за видеото , но тоа не беше доволно негативната кампања против неа да заврши со изрекување затворска казна.
Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?
Напишете Коментар