MKDNews.com

Андонов: Излезете на улица против хунтата, зoшто она што им го прават на неправедно уапсените сега, може да ни го прават на секој од нас

Андонов: Излезете на улица против хунтата, зoшто она што им го прават на неправедно уапсените сега, може да ни го прават на секој од нас
декември 06
21:04 2017

Јас знам дека овде сме собрани како граѓани, како Македонци, како Албанци, како Турци, Роми, како сите граѓани на Република Македонија, како граѓански активисти, како членови на ВМРО-ДПМНЕ, како луѓе кои политички не се активни, но сме собрани со една единствена мисла и со еден единствен став, дека сето ова што хунтата ни го прави сега е противзаконито, против секоја човечка и законита норма, против достоинството на нас како граѓани, изјави Оливер Андонов на протестот пред Министерството за правда, организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

Андонов кажа дека таму меѓу затворените со лажни обвиненија, покрај политичките активисти, јавни личности се и мнозина како што кажа Андонов „наши браќа и сестри, кои единствено си ја сакаа Македонија не помалку од тоа што ние ја сакаме“.

-Ние нема да ги заборавиме, како што овој грев нема да и го заборавиме на хунтата, која го лажеше сопствениот народ дека демократски ќе владее, за сега да гледаме терор, да гледаме насилство, да гледаме уништување на човечки судбини и животи, изјави Андонов.

Тој порача дека нема да ги исплашат, како што ниту во иднина нема да ги исплашат оние кои вечерва останале дома, но изрази надеж дека ќе станат и дека утре ќе излезат на протест, како и во идните денови, бидејќи како што кажа „стравот мора и може да се победи“.

-Не може да не исплаши хунтата на власт со своите недемократски средства, овој народ издржал и потешки искушенија, ќе го издржи и ова. Народот можеби ќе молчи во еден период, но нема да заборави, како што нема да ги заборавиме нашите луѓе, така нема да им го заборавиме ниту нивното зло ниту злоделото, изјави Андонов.

Андонов им се заблагодари на граѓаните за како што кажа „македонскта поддршка која што ја имаат денеска“.

-Затоа на сите нас ни значи нашата татковина Македонија. Знам дека на тие кои што го тероризираат сопствениот народ, ништо не им значи оваа држава. Очигледно е дека покрај недостатокот на патриотизам, имаат недостаток и на човечко чувство, на етичност, тоа е нешто најдолно што може човек да го има кај себе, да нема човечност. Не знам дали да ги жалиме или да ги плачеме. Но ќе ве повикам на максимална храброст во справувањето со тие луѓе кои се нелуѓе, на хунтата на Заев, на нивните платеници, изјави Андонов.

Андонов ги повика на храброст и тие кои се дома, порача дека нема потреба да се седи дома, дека треба се покажа и човечката димензија, со сите оние кои се во затвор, како што кажа Андонов обвинети оваа хунта неосновано, со измислени обвиненија.

-Затоа што тоа што денеска им го прават ним, ќе посакаат утре да ни го прават на секој од нас, без разлика на нашата национална или верска припадност. Ние сме граѓани на Македонија и ја сакаме Македонија, неизмерно ја сакаме, изјави Андонов.

Тој ги повика граѓаните и утре да излезат на протест против неправди кои ги прави актуелната власт.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com