MKDNews.com

30 дена притвор за Мукоски, Арнаудов и Василевски, куќен за Тарчуловски, Пешевска и Димовски

30 дена притвор за Мукоски, Арнаудов и Василевски, куќен за Тарчуловски, Пешевска и Димовски
декември 05
17:28 2017

Кривичниот суд им одреди 30-дневен притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, а куќен притвор добија Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски, соопшти Основниот суд Скопје 1.

– Постапувајќи по предлог на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 денеска беа повикани шест лица опфатени со предлогот на обвинителството, а по нивно произнесување во однос на предлогот судијата на претходна постапка донесе решенија со кои за К.М., Љ.А. и С.В. го прифати предлогот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а поради постоење на причините предвидени во член 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП. За Ј.Т. и Ж.П. судија на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и им определи мерка куќен притвор. За Љ.Д. судија на претходна постапка не го прифати предлогот на обвинителството за
определување мерка притвор и му определи мерка куќен притвор, се наведува во
соопштението од Кривичен суд.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com