MKDNews.com

Земјотрес од 7.2 степени по Рихтер го погоди Блискиот исток

Земјотрес од 7.2 степени по Рихтер го погоди Блискиот исток
ноември 13
07:40 2017

Силен земјотрес го погоди вчера Блискиот исток.

Потрес со јачина од 7.2 степени по Рихтер го здрмал просторот на границата помеѓу Ирак и Иран, а освен во тие земји, го почувствувале и жителите на Кувајте, централна Турција и Обединети Арапски Емирати.

Како што јави EMSC, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри во 21.18 часот по локално време.

Според сведочењата на луѓето, тресењето на тлото траело подолго од 30 секунди, а луѓето во многу места во страв истрчале на улиците.

Засега нема извештаи за повредени ниту за материјална штета.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com