MKDNews.com

Средба Димитров-Коѕијас во Брисел, се прави терен за продолжување на преговорите за името

Средба Димитров-Коѕијас во Брисел, се прави терен за продолжување на преговорите за името
ноември 14
07:58 2017

Комуникациските модалитети меѓу двете земји биле дел од темите на разговор меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција.

Модалитетите  меѓу двете земји, како и комуникациските механизми во рамки на Европската унија биле дел од темите за кои денеска разговарале министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, кои се сретнаа на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ во Брисел.
– Разговаравме за прашања поврзани со комуникациите, комуникациските механизми во ЕУ, при што потенцирав дека мораме да имаме исправна политика за да имаме исправна комуникација, рече Коѕијас по средбата.
Тој во разговорот со Димитров потенцирал дека Европа има потреба од политики засновани на вредности, демократија, на социјални прашања, како и на визијата за поинакво општествата, јави АНА-МПА.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com