MKDNews.com

Снегот направи хаос во Словенија

Снегот направи хаос во Словенија
ноември 14
07:45 2017

Километарски колони возила ,забрана за камиони , илјадници домаќинства без струја – снегот направи хаос во Словенија .

Снегот и силната бура со ветар предизвикаа големи проблеми во сообраќајот во Словенија , особено на патните правци од Љубљана кон Копар.

Силниот снег , што ги зафати приморските делови на државата предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија . На излезот од Љубљана кон Копар е формирана 15 – километарска колона , а сообраќајот со камиони е забранет на сите патни правци .

Коловози прекриени со снег и инциденти се случиле и на подрачјето на Нова Горица, Цеље и Марибор . Метеоролозите најавуваат дека снегот набргу ќе се стопи и оти ќе нема нови наноси .

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com