MKDNews.com

Шампионот на Формула 1 Луис Хамилтон си купил авион со финансиски измами

Шампионот на Формула 1 Луис Хамилтон си купил авион со финансиски измами
ноември 07
08:04 2017

И шампионит во Формула 1 , Луис Хамилтон влегол во матните зделки и оф шор компании , што ги откриваат ,,Рајските документи “ .

Според документите , тој избегнал да плати ДДВ на приватниот авион вреден 16,5 милиони фунти. Но, сепак  добил поврат на ДДВ од 3,3 милиони фунти . Парите му биле вратени откако авионот Бомбардиер Челинџер 605 бил  увезен на  островот Мен во 2013 година.
Договорот за лизинг бил лажен и не бил во согласност со забраната на ЕУ и Велика Британија за враќање на средствата за приватна употреба .

Адвокатите на Хамилтон велат дека купопродажбата била законска.Затоа , во документите има доказ дека на 21 јануари 2013 година, Хамилтон слетал  на аеродромот Роналдсвеј на островот Ман во својот нов авион со неговата тогашна девојка , поп-ѕвездата  Никол Шерцингер .
Наместо како што било наведено во договорот , авионот да се користи само во деловни цели , постојат докази дека тој го користелза време на одмори и на други приватни  патувања низ целиот свет.

“Ако приватното користење на авионот е преправено како деловно користење , тогаш во суштина тое  е шема за избегнување на данокот”, вели Рита Де Ла Ферија, професор по даночно право на Универзитетот во Лидс.

Приватни авиони купени надвор од ЕУ се предмет на 20% ДДВ при увоз, додека на островот Ман , кој е даночен рај во Ла Манш , таков данок не постои.
Врз основа на трансакциите, советниците на Хамилтон беа во можност да бараат 100% поврат на ДДВ во износ од  3,3 милиони фунти .

Во ,,Рајските документи “ се откриваат  50 шеми слични на овие на  Хамилтон.

Документите покажуваат дека компанијата Appleby на островот Ман увезувала  луксузни авиони вредни 1,25 милијарди фунти.

Вкупно, даночната служба на островот Ман доделила повеќе од 790 милиони фунти за поврат  на ДДВ во авиокомпании за лизинг, кои вклучуваат повеќе од 230 приватни авиони.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com