MKDNews.com

Роналдо стана татко по четврти пат !

Роналдо стана татко по четврти пат !
ноември 14
08:06 2017

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните десетина години, Кристијано Роналдо по четврти пат стана татако, неговата свршеница Георгина Родригез му роди ќерка која го доби името Алана Мартина.

Георгина се породи синоќа  во болницата „ Quiron Universal“ во Мадрид, среќната вест Роналдо веднаш ја објави на социјалните мрежи.

Кристијано на своите милионски фанови им сподели фотографија од Георгина, бебето,  и најстариот син, 7- годишниот Кристијано Јуниор.

За ѕвездата на Реал Мадрид ова е прво дете од врската со убавата Георгина, инаку Роналдо покрај Кристијано Јуниор е татко и на близнаците Ева и Матео, родени од сурогат мајка во САД во јуни годинава.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com