MKDNews.com

Реал Сосиедад го совлада Вардар и на вториот меѓусебен меч

Реал Сосиедад го совлада Вардар и на вториот меѓусебен меч
ноември 03
08:28 2017

Натпреварот почна со иницијатива на домашниот тим кој го имаше поседот, а потоа кон средината на првиот дел и неколку шанси. Во 19. минута Реал Сосиедад се закани преку Каналес кој што упати за малку непрецизен обид, кој што отиде крај голот. Четири минути подоцна Гачевски одлично го одбрани обидот на Навас кој што од волеј ја зафати топката по нафрлен корнер. Во истата минута после изведен корнер, Вилиан Хозе со глава се закани, но топката оди само над голот. Во 26. минута следуваше шутот на Вилиан Хозе кој што Гачевски успеа да го одбрани.

Реал Сосиедад дојде во водство во 31. минута. Повторно домашниот тим беше опасен од изведен корнер, овој пат Хуанми од пеналтикот успеа со глава да биде прецизен и топката да ја упати во долниот лев агол, а истата од стативата се одби во голот на нашиот тим.

Во самиот финиш од првото полувреме одново Хуанми беше во добра шанса, откако остана сам пред Гачевски, меѓутоа нашиот голман феноменално одбрани.

Вториот дел започна исто како и првиот. Реал Сосиедад го имаше поседот на топката и играше на половината на Вардар, но без некоја посеризна шанса и шут кон голот. Сепак, во 69. минута противникот дојде и до втор погодок и го сголеми резултатот. Од десната страна Горосабел убаво центрираше до Де ла Бела кој што на вториот дирек од волеј упати прецизен шут во голот на Гачевски.

Се играше 81. минута кога Реал Сосиедад стигна и до трет погодок. Каналес асистираше до Баутиста кој што излезе сам пред Гачевски, и погоди во долниот лев агол.

Нова шанса за Шпанците во 83. минута кога Јанузај направи продор по десната страна, упати за малку непрецизен удар кој што отиде покрај голот.

Тоа беше и последниот обид на натпреварот, со што стигна и последниот свиреж на судијата кој означи крај на мечот.

Р. СОСИЕДАД – ВАРДАР         3:0 (1:0)

Стадион: „Аноета“ во Сан Себастијан, Шпанија. Гледачи: 23.000.

Судија: Роберт Шергенхофер (Австрија).

Стрелци: 1:0 Хуанми 31’, 2:0 Де ла Бела 69’, 3:0 Баутиста 81’

Ж. Картони: Хамбарџумјан, Новак (В).

Р. СОСИЕДАД: Рули, Горозабел, Навас, Мартинез, Де ла Бела, Зурутуза (46’ Иљараменди), Зубелдиа, Каналес, Хуанми, Ојарзабал (70’ Јанузај), Вилиан Хозе (62’ Баутиста).

ВАРДАР: Гачевски, Хамбарџумјан, Новак, Грнчаров, Глишиќ (64’ Велковски), Марковиќ (64’ Муслиу), Николов, Фелипе, Џигаури, Барсегјан (75’ Блажевски), Итало.

СТАТИСТИКА

Р. СОСИЕДАД             ВАРДАР

72%     посед на топка           28%

11        корнери          1

19/6     удари/во        2/1

6          прекршоци     9

3          офсајди          1

0          ж. картони      2

0          ц. картони      0

0          пенали            0

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com