MKDNews.com

Путин и Ердоган по четиричасовниот разговор ги затоплија односите

Путин и Ердоган по четиричасовниот разговор ги затоплија односите
ноември 14
08:16 2017

Соработката меѓу Русија и Турција дава конкретни резултати во Сирија и создава услови за почнување дијалог, изјави рускиот претседател Владимир Путин по разговорот со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган, кој тареше повеќе од четири часа.
Русија ќе продолжи да соработува со Турција со цел да помогне во решавање на сириската криза, истакна Путин на заедничката прес-конференција за новинари со Ердоган.
Најпрвин разговорите се одвивале во нешто поширока форма по што двајцата претседатели се издвоиле и ги продолжиле разговорите.
Путин нагласил дека нивото на насилство во Сирија е намалено и дека се стекнати услови за спроведување меѓународен дијалог.
„Го информирав Ердоган за неодамнешните преговори во Иран, како и за заедничките изјави на Русија и САД за Сирија“, рече Путин и додаде дека е неопходно да се продолжи со напорите да се дојде до долгорочна стабилизација на ситуацијата во Сирија.
Путин исто така нагласи дека односите меѓу Русија и Турција се целосно обновени

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com