MKDNews.com

Мараја Кери обвинета за злоставување на своето обезбедувањето!?

Мараја Кери обвинета за злоставување на своето обезбедувањето!?
ноември 09
22:23 2017

Светската музичка ѕвезда Мараја Кери е цел на сериозни обвинувања. Мегапопуларната пејачка е осомничена од поранешен член на обезбедувањето, кое тврди дека Кери константно вербално го злоставувала.

Мајкл Анело сопственик на компанија за приватно обезбедување, кој имал договор со Мараја Кери од јуни 2015 година се до мај годинава, тврди дека пејачката без образложение го раскинала договорот  кој требало да трае се до летото во 2019 година.

Анело наведува дека популарната пејачка  не му исплатила 221 000 долари, кои биле предвидени со договорот и дека таа вербално го понижувала него и неговите соработници, е наведено во неговата тужба.

Анело воедно тврди дека Мараја кери сите негови работници, белци ги нарекувала, нацисти, скинхенди, и членови на Кју Клукс Кланот.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com