MKDNews.com

Култниот „Трабант“ го прослави 60. роденден

Култниот „Трабант“ го прослави 60. роденден
ноември 09
08:24 2017

Трабантот – симболот на секојдневниот живот во некогашна Источна Германија, и натаму восхитува, забавува и шармира.

За него сè уште се бараат резервни делови, а се планира и проширување на музејот посветен на ова култно возило.

FILE PHOTO 10NOV89 – West Berlin citizens welcome East Germans who passed the border checkpoint Invaliden Strasse with an East German Trabant car after the opening of the East German border was announced in this November 10, 1989 file photo. The 10th anniversary off the “fall” of the Berlin wall is coming up on November 9, 1999.
FAB – RP1DRILJFLAA

Шеесет години откако првиот П-50 Трабант излезе од производствената лента на 7 ноември 1957 година во градот Цвикау, малиот автомобил со тркалезни светла сè уште има мноштво обожаватели.

– Траби е возило кое едноставно се издвојува од другите – изјави Франк Хофман, сопственик на продавница за резервни делови во родното Цвикау, близу границата со Чешка.

До обединувањето на Германија во 1991 година, кога престана производството, бројот на трабанти достигна околу три милиони.

– Трабантот е многу едноставен автомобил и за поправка е потребно минимално техничко знаење – нагласува Хофман.

 

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com