MKDNews.com

Дизелот поскапува – Владата ја зголемува акцизата за нафта за три денари

Дизелот поскапува – Владата ја зголемува акцизата за нафта за три денари
ноември 02
21:48 2017

Од 1 јануари Владата планира да ја зголеми акцизата на нафтата за три денари.

Со зголемување на акцизата и ДДВ-то цената на дизелот ќе биде повисока за 3,5 денари. Ова го сооппшти министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната јавна дебата на која се претставува Предлог-буџетот за 2018 година.

Причина за зголемување на акцизата, како што рече Тевдовски, се ЕУ- препоракаите за заштита на животната средина и намалување на загадувањето.

Според министерот за финансии Драган Тевдовски, и со ова зголемување цената на нафтата во Македонија ќе биде пониска во однос на регионот.

Очекуваниот ефект од зголемување на акцизата во Буџетот за 2018 година кој денеска го претставуваат во Министерството за финансии ќе изнесува 1,6 милијарди денари, а од ДДВ-то 350 милиони денари и со тоа ќе има дополнителни приходи за Јавното претпријатие за државни патишта.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com