MKDNews.com

Девет години затвор за Робињо во Италија

Девет години затвор за Робињо во Италија
ноември 23
20:48 2017

Лоши вести за Робињо (33) од Италија. Бразилскиот фудбалер е осуден на деветгодишна затворска казна за учество во групно силување.

Поранешниот член на Реал Мадрид, на Милан, на Манчестер сити и краток период на Гвангжу Евергранде, а сега на Атлетико Минеиро, е прогласен за виновен за сексуален напад врз 22 годишна Албанка во дискотека во Милано во јануари во 2013 година.

Италијанските медиуми пренесуваат дека во случајот се процесуирани уште пет машки лица. Робињо, според законите на Апенините, има право на жалба на неколку нивоа пред спроведување на санкцијата.

Ова е второ обвинение за силување со кое се соочи Робињо. За исто казнено дело врз англиска студентка во Лидс беше обвинет и во 2009 година со таа разлика што тогаш случајот беше повлечено.

Роби ја почна кариерата во Сантош во 2002 година. Од тогаш одигра 684 натпревари во кои постигна 229 гола. За „кариоките“ настапи во 100 меча во кои реализира и 28 погодоци.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com