MKDNews.com

Бугарски интелектуалци до патријархот Неофит: Прифатете ја подадената рака на МПЦ

Бугарски интелектуалци до патријархот Неофит: Прифатете ја подадената рака на МПЦ
ноември 21
19:00 2017

Интелектуалци, јавни личности, новинари, потомци на познати семејства од Македонија ја повикаа Бугарската патријаршија да ја прифати подадената рака на Македонската православна црква и да ја преземе улогата на нејзина мајка-црква.

Тие испратија писмо до бугарскиот патријарх Неофит и до Светиот синод, а текстот е отворен за поддршка од секој што сака да ја даде.

Следните денови ќе биде иницирана национална петиција, со која БПЦ ќе добие поддршка од јавноста во овој деликатен процес, поврзан со прогласувањето на МПЦ за нејзина ќерка-црква и за признавањето на нејзината афтоќефалност.

– Свесни сме дека проблемот со признавањето на автоќефалноста на МПЦ е прашање, кое воопшто не лесно за решавање, инаку нејзината хиерархија не би се наоѓала во изолација веќе 50 години. Но сметаме дека Бугарската патријаршија ги има сите основи, и историски и канонски, да го преземе тешкиот крст и да им помогне на нашите браќа во Република Македонија, нивната црква да го добие своето полноправо место во семејството на православните цркви, се вели во писмото.

– Христијаните од секогаш верувале дека Бог никогаш нема да ни даде да носиме крст, чија тежина не можеме да ја поднесеме. Очигледно ова што се случува е Божја промисла и доказ дека Бугарската патријаршија има потенцијал и достоинство прва да ја признае канонската самостојност на Македонската архиепископија и да ја воведе во заедничкото православно семејство, додаваат потписниците.

Спорните прашања меѓу двете цркви, според потписниците на писмото треба да се решат по пат на дијалог во името на љубовта.

– И како што вели нашиот Господ Исус Христос: За тоа дека сте мои ученици ќе Ве познаат по љубовта што ја имате еден кон друг!, се вели во писмото.

Потписниците апелираат до Неофит да го земе предвид македонското барање, кое беше испратено на 9 ноември, споменувајќи дека тој и покојниот Врачански митрополит Калиник во 1999 година биле првите бугарски архиереи од 1944 година, кои ги посетиле светите места во Македонија. Меѓу другото се споменува и дека тој два пати му укажал братско гостопримство на македонскиот архиепископ г.г. Стефан во 2014 и 2015 година.

Потписниците ја споменуваат и пораката, која покојниот пловдивски митрополит Арсениј ја испрати во отвореното писмо до бугарскиот патријарх Максим и до српскиот патријарх Павле во 2005 година: „Штом има држава Македонија, се подразбира дека во таа држава треба да има и православна христијанска црква, наречена „Македонска“.

– Немаме илузии дека прифаќањето на подадената рака ќе доведе и до спротивставени тенденции во православниот свет, кој и онака е исполнет со противречности. Сметаме дека дека засега неофицијалната изјава од канцеларијата на Светиот синод за планот за консултации по писмото од македонскиот Синод со останатите помесни цркви и дава можност на БПЦ овој пробллем да го наоправи општоправославен, се вели во писмото.

Потсниците велат дека истовремено таа идеја ја крие опасноста за уште неколку години да се одложи признавањето на македонската автоќефалност и затоа побараа од Неофит на консултациите со локалните цркви да им претстојат разговори со Светиот Синод на МПЦ. /МИА

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com