MKDNews.com

28-годишниот фудбалер Мартин Јанушев е убиен пред својот дом во Аеродром – напаѓачот е во бегство

28-годишниот фудбалер Мартин Јанушев е убиен пред својот дом во Аеродром – напаѓачот е во бегство
ноември 04
08:29 2017

Убиен е поранешниот фудбалер Мартин Јанушев пред влезот во зградата во која живеел во Аеродром. Во него било пукано со огнено оружје од непосредна близина. Засега е непознато кој го извршил убиството, дали е едно или повеќе лица.

Според информации од полицијата инцидентот се случил попладнево во 17 часот и 40 минути пред зградата до Гет кафе во Аеродром на улицата Владимир Комаров.

Очевидци зад камерата изјавија дека во главата и вратот на 28 годишниот Јанушев биле истрелани 4 до 5 куршуми.

Соседите од околните продавници веднаш го качиле тешко повредениот во приватно возило. На пат кон болница екс фудбалерот им подлегнал на повредите. Од Клиниката за хируршки болести св. Наум Охридски за Сител потврдија дека застреланото лице било донесено кај нив, но и покрај 40 минутната реанимација дежурните лекари не успеале да го вратат во живот.

Пукањето ги вознемири граѓаните кои живеат во близина како и гостите кои тоа време биле во кафулето веднаш до зградата.

– Слушнав пукање, со син ми заедно требаше да играат фудбал, изјави еден сосед.

Полицијата и дежурен обвинител неколку часа вршеа увид и собираа докази на местото на убиството. Од МВР за Сител изјавија дека работат на расчистување на случајот. а повеќе информации најавија за утре.

Убиениот Јанушев како фудбалер има настапувано во неколку македонски клубови.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com