MKDNews.com

Заев му сврте грб на Таравари – во Гостивар поддршка за Бејта

Заев му сврте грб на Таравари – во Гостивар поддршка за Бејта
октомври 21
09:41 2017

Јас сум дојден да побарам поддршка за Невзат Бејта, но и да дадам збор. Знам дека ако добие поддршка од централната власт тој ќе направи Гостивар да сјае. Барајќи поддршка за Невзат Бејта ви ветувам дека ќе ја имате поддршката на Зоран Заев, на владата и на мнозинството во парламентот. Стоиме целосно зад проектите во програмата на Бејта.

Со оваа порака Зоран Заев, лидерот на СДСМ вчера го поздрави заедништвото во, како што рече, мултиетничниот Гостивар на градскиот плоштад.

Напомена дека главните проекти, како решавањето на проблемот со депонијата, булеварското решение на „Браќа Ѓиноски“ и други покрупни инфраструктурни зафати ќе добијат директна поддршка од државата.

Лидерот на СДСМ се осврна и на кандидатурата на министерот за здравство и противкандидат на Невзат Бејта во вториот круг, Арбен Таравари од Алијансата за Албанците.

– Од другата страна имаме кандидат кој е министер во мојата влада. Знам и дека кандидатурата на Арбен, и на Бејта не му по ќеиф. Ајде да постигнеме договор во Гостивар и предлагам: секој да си ја гледа својата работа. Јас премиерската, докторот да го гледа здравството, а Невзат да си ја води општината. Општината не ја познава никој подобро од него, подвлече Заев.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com