MKDNews.com

Вонбрачниот син на Шварценегер тргна по стапките на тато

Вонбрачниот син на Шварценегер тргна по стапките на тато
октомври 07
15:35 2017

Вонбрачниот син на холивудската ѕвезда Арнолад Шварценегер, Џозеф Бин го прослави 20 роденден, а славниот татко во тоа име објави нивна заедничка фотографија на социјалните мрежи.

Тато Арнолд и Џозеф се фотографирани во теретана и изгледа дека двајцата имаат идентична страст кон тренингот и обликувањето на телото.
„Среќен роденден Џозеф! Ти си фантастичен си и одличен партнер за тренинг. Стануваш се посилен и попаметен секој ден, се гордеам со тебе. Те сакам., напиша Арнолд Шварценегр во коментарот под фотографијата.

 

За потсетување, мајката на Џозеф, Милден работела како домаќинка во куќата на Арнолд Шварценегер околу 20 години. По аферата со актерот останала трудна, а по породувањето долго време се до 2011 година го криела биолошкиот татко на нејзиниот син.

Шварценегер во мај во 2011 година го признал татковството  и започнал да плаќа алиментација и да дава поддршка финансиска за школувањето на синот.
Покрај Џозеф , Арнодл од бракот со Марија Шрајвер има 4 деца, Кетрин, Кристина,Патрик и Кристофер.