MKDNews.com

Вардар го „преслуша“ и Загреб во ЛШ

Вардар го „преслуша“ и Загреб во ЛШ
октомври 02
06:22 2017

Со третата победа оваа сезона во елитната Лига на шампионите, Вардар најави дека повторно ќе се обиде да дојде до врвот на Европа. По победите во Плоцк и Скопје против Нант, „црвено-црните“ ја запишаа третата победа оваа сезона, овојпат против ППД Загреб со конечен резултат 28-21. Вардарци ја продолжија низата успешни настапи во новата сезона, пред важните дуели со Сегед и Барселона.

За разлика од Вардар, Загреб му создава главоболки на тренерот Каменица. Иако оваа сезона се засилија со неколку квалитетни имиња, „плинарите“ не може да се извлечат од слабиот почеток на сезоната. Со два порази и едно реми од Кристијанштад имаат еден бод во елитното натпреварување, а ниту во СЕХА лигата не блескаат. Додека Загреб оди надолу, Вардар го фаќа посакуваниот ритам кој минатата сезона му ја донесе круната во Лигата на шампионите.