MKDNews.com

Toyota ги напушта дизел моторите

Toyota ги напушта дизел моторите
октомври 28
21:51 2017

Една од вестите, дојдени од автосалонот во Токио, е поврзана со Toyota и можноста компанијата да престане да лансира нови модели со дизел мотори. Компанијата веќе го избра BMW за снабдувач на дизелот за Avensis и Auris, но овие два модели може да се последните автомобили, кои имаат дизел мотори и тоа наменети за Европа.

Говорејќи за AutoExpress, Дидие Лерој, извршен потпретседател на компанијата, изрази мислење дека Toyota најверојатно нема да направи нов модел со дизел мотор.

Изразувам само моето лично мислење дека ние нема да лансираме друго дизел возило. На пример, ново произведениот Yaris не може да се нарача со дизел. Има дизел верзии за оние клиенти кои посакаа, но за приватни клиенти нема да се нуди дизел Yaris.

А, овој автомобил го сочинува 25% од продажбата на Toyota во Европа. Во моментов Toyota се фокусира на рекламирање и маркетинг за дополнително засилување на хибридната технологија.

Едно од најзначајните одлуки на производителот во насока откажување од дизелот, е одлуката C-HR да не се нуди со дизел мотор. Донесовме одлука, многу одамна, дека нема да продаваме C-HR со дизел мотор, коментираше Лерој.

Во тоа време дистрибутерите беа против мојата одлука – и тоа беше моја одлука. Тие рекоа дека им треба дизел на овој пазар. Но, реков – Не! Не! Не!  – Треба да ја следиме долгорочната тенденција, а таа е поврзана со еколошките автомобили.

0 Коментари

Нема коментари!

Нема коментари во овој момент, сакате да напичите нов?

Напишете Коментар

Напишете Коментар

Напишете коментар

Барај Вести

Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com