MKDNews.com

Тарчуловски: Тие што нема да гласаат за мене, нема да добијат одвод и канализација (видео)

Тарчуловски: Тие  што нема да гласаат за мене, нема да добијат одвод и канализација  (видео)
октомври 12
07:26 2017

Кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски во разговор вели дека има одговорност за да изгради за луѓето од Припор и Драчево, а не за Пржино и Црниче каде што 90 отсто од луѓето биле против него.

– Тука има терет и одговорност према луѓето, а не Пржино, Црничи коишто се 90 отсто против мене и не ти ни отвараат врата и те пљукаат од прозор. Сега да ме терам јас да им правам одвод и канализација, а вие тука да немате ни струја ни вода. Не може така, вели Тарчуловски.

Тој додава дека ќе работи прво за тој што заслужил и за тој што донел најмногу гласови.