MKDNews.com

Претседателот на БАН Григор Велев: Во Македонија живеат 1 милион Бугари

Претседателот на БАН Григор Велев: Во Македонија живеат 1 милион Бугари
октомври 09
17:25 2017

Во Македонија живеат повеќе од еден милион Бугари, тврди претседателот на Бугарската академија на науките (БАН) Григор Велев, кој во пресрет на почетокот на функционирањето на мешовитата бугарско – македонска комисија за историските спорни прашања, промовира нова книга од својата 10 – томна „Историја на Бугарите во Македонија, пишува порталот Еxpres.mk.
Шефот на бугарската академија во пресрет на промоцијата на својата изјавил дека се зафатил со ова дело затоа што „Македонија, како што вели, била и сеуште е неразделен дел од бугарската историска судбина.

Според пишувањата на дел од медиумите, Велев кој што ќе има директна улога во формирањето на комисијата која што ќе треба да ги надмине историските спорови меѓу Македонија и Бугарија смета дека повеќе од 2 милиони и 500 илјади Бугари во денешна Бугарија имаат крвна врска со граѓаните на Вардарска и Егејска Македонија.

„Го пишувам ова дело затоа што 7,500.000 Бугари, 1,100.000 вардарски Бугари и 250 илјади егејски Бугари имаат заеднички генетски код и затоа што силата и духот на нацијата се во криза, а политичката елита е безродна и туѓа на националните идеали и кауза”, вели бугарскиот академик и шеф на БАН.
Ова е последна во низата провокативни изјави кои доаѓаат од бугарски историчари, академици и политичари, и покрај потпишувањето на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Неодамна и директорот на бугарскиот историски музеј Божидар Димитров во неколку наврати изјавуваше дека македонизмот се потпира на историски лаги, а бугарскиот и македонскиот се ист народ. Со слични изјави беа и некои од пратениците на партијата на Красимир Каракачанов според кои Македонија и Бугарија имаат заедничка историја.

Според бугарските тези, Бугарија може да признае посебност на Македонците само по 1946 година, а предходно целата историја се смета за заедничка односно бугарска.